DevReach 2009

Овогодишната DevReach конференција се одржа на 12 и 13 октомври 2009, во Софија, Бугарија. Исто како и лани, МК.НЕТ корисничкат група за своите членови организираше посета на конференцијата . Оваа година македонската експедиција броеше 20-тина членови. Тука сакам да напишам неколку зборови за тоа како јас ја доживеав овогодишната конференција.

Прво, за новата локација каде што се одвиваше настанот. Тоа е кино комплекс со, ако не се лажам од 14 кино сали, од кои 4 беа искористени за конференцијата. Салите се огромни, седиштата големи и удобни, со доволно простор пред себе, поставени на нивоа, така да ако гледачот пред тебе не е повисок од 2,50 метра, нема шанса да ти смета. Екраните, се разбира огромни, така да и од последниот ред и со дипотрија 8,5 без никаков проблем се читаат дури и најмалите букви. Сите предуслови за уживање во предавањата беа исполнети.

Предавањата, стандардно, интересни, одлично подготвени, имаше навистина сесии кои беше задоволство да се следат, прадавачите одлични, професионални во секоја смисла на зборот, барем оние сесии кои јас ги следев. Но, општо беше чувството, особено кај оние кои и лани беа посетители на конференцијата, дека техничкото нивото на конференциите е пониско од лани, се разбира со исклучоци.

Во разговор со Мартин Кулов, организаторот на конференцијата, ни беше кажано дека за идната година, како јубилејна 5 конференција, подготвуваат посебни настани и изненадувања. Така да спремајте се за DevReach 2010.

P.S. За оние кои се сеќаваат на забавите во студентскиот град од лани, оваа година не се организира такво нешто, зошто предавањето на Кулов беше закажано за вториот ден. Но за следната година ќе се организира сигурно :).


Posted Thu, Oct 29 2009 11:59 by ivanacev
Filed under:

Add a Comment

(required)
(optional)
(required)  
Remember Me?
Macedonian .NET User Group
Powered by Community Server (Commercial Edition), by Telligent Systems