Една недела откако помина овој настан и од наша гледна точка, а со оглед и на вашите коментари, истиот со одличен успех! Во цел да ви го доловиме настанот, погледајте го овој краток извештај со сумарните детали и погледајте ги сликите од настанот. Некои од презентациите од настанот се веќе поставени на сајтот а некои очекувајте ги наскоро нас истата локација.
Искрено сакаме да се заблагодариме на спонзорите кои го подржаа овој настан, но и на вас поситетелите кои го збогативте овој прв девелоперски настан насочен кон .NET технологијата. Како за крај, покрај известувањето, во прилог ви ги презентираме завршните видео материјали за успешно изведениот настан. Се гледаме следната година со уште подобри содржини.