Штотуку забележав дека два мои артикли се ставени во листа на најчитани и најдобри пет артикли на DZone мрежата за 2011 година. Имено, како DZone MVB (Most Valuable Blogger), тимот на DZone постојано ги следи моите артикли и ги референцира на нивната мрежа од кадешто добивам огромен број на посети од читателите на DZone.

Листата на ТОП 5 .NET Артикли за 2011 е на следниов линк: http://dotnet.dzone.com/articles/dzones-top-5-net-articles

Морам да признаам дека позитивно сум изненаден бидејќи во минатата 2011 година на DZone - .NET Zone беа испратени неколку илјади артикли.