Почитувани,
Ова е прва средба и презентација која ја организира MK Web User Group која е дел (под група) на MKDOT.NET. Во оваа прва презентација ќе направиме преглед на најновите и најнапредни Microsoft веб технологии при што ќе имате прилика да се запознаете со последните случувања во светот на Microsoft веб и каде Microsoft веб технологиите се движат моментално.
Во последниов период се случија доста интересни работи во светот на Microsoft веб технологиите. Со излегувањето на ASP.NET MVC 4 Beta, ASP.NET 4.5 (WebForms) како и ASP.NET Web Pages 2.0 Beta, дојдоа голем број на иновации кои несомнено ќе ги подобрат начините на развивање од наједноставни до најкомплексни веб страници и апликации.
Пред неколку дена, моментално најпопуларните веб технологии на Microsoft се пуштени OPEN SOURCE, при што и Вие можете да се вклучите во развојот на истите со ваш придонес.
Среда, 4 Април 2012 во 17:30 ќе се одржи презентација на која ќе имате можност да се запознаете со најновите случувања во светот на веб технологиите и да видите зашто Microsoft ASP.NET останува меѓу најдобрите, а верувам и најнапредна платформа за развој на веб денес!
Дел од технологиите кои ќе бидат спомнати и презентирани:
Дојдете и дознајте што е најново и како сите овие технологии може да Ви бидат од огромна корист во вашата секојдневна работа...
Со Почит,Хајан
Слики и материјали од предавањето: ТУКА