Здраво
Студент сум на пмф-ии , треба да изработам за проект веб апликација , преку која ќе можам да пратам смс и ммс кон мобилен телефон , телефонот немора да е реален т.е. може да биде Симулатор.
Значи треба да се направат неколку избори се клика SEND и потоа на емулаторот да се појават СМС-от со направените избори и ММС со некоја сликичка.(веб апликацијата е на мој локален сервер,значи на истиот ПЦ се вебапп и мобилниот симулаторот)
Имам искуство со асп. нет C# , само не сум се сретнал со ваква тематика до сега , би бил благодарен ако можете да ми кажете кои се библиотеките или некој Sample code.
Гуглав , ама не најдов примери за праќање смс до Емулатор.
Види дали ова може да помогне. Го немам работено, чисто преку Google :)
http://www.scampers.org/steve/sms/libraries.htm
Здраво Бобан
Вака, во .NET Framework не постојат стандарди библиотеки кои се користат за праќање на СМС пораки (без разлика дали тоа е кон реален или симулиран мобилен телефон)
Сакам да ти кажам дека праќањето на СМС пораки треба да го овозможи некоја друга страна (јас во Македонија ги имам користено Т-Мобајл и Космофон како провајдире, за ВИП не знам дали има воопшто), кои имаат процедура за воспоставување на врска со нивните СМС сервиси. Во зависност од нивната имплементација, тоа значи дека или се поврзуваш со нивни веб сервиси со строго дефинирани правила на автентикација, или правиш класичен HTTP POST, или користиш нивни API-ја и слично. На некои места дури бараат да бидеш во нивна DMZ зона поврзан со VPN конекција.
Ова ти е за комерцијално користење. Во светот постојат многу веб сајтови некои од нив се и слободни на кои ИСТО ТАКА се поврзуваш или со веб сервиси или со некој друг начин што самите сервис провајдери го диктираат.
Постои начин и да се поврзеш со телефонот , кој е претходно поврзан со компјутер и да го искористиш за апликациско праќање на СМС пораки (користење на телефонот како GSM Modem) ама тоа не е тоа што го бараш.
Поздрав
Happy ASP.NET-ing
па читав по гугл , тоа го најдов и јас.
Значи на симулатор локално неможам да пратам смс преку локална веб апп?
ок, ќе ги разгледам сервисиве ,најдов неколку
Ако имате уште некој совет , добродојден е.
Соле поздрав :)
Случајно наидов и на ова http://www.softwarepassion.com/?p=173 ако ти биде од корист.